Со мене треба да знаеш како...

Еден ден, додека седевме на една клупа во парк, тој се сврте и ми рече: „Кралице, со тебе човек треба да знае како...“ 

Претпоставив дека тоа значи: „Јас сега си заминувам.“ И си замина, уште пред да се случи нешто помеѓу нас. И тој беше во право. Ние сите треба да знаеме како едни со други, без оглед на тоа дали сум ја кралица или не. 

Кога ќе се затворам во себе, треба да знаеш дали има смисла да се трудиш да ме отвориш или ќе биде доволно само да ми пријдеш, да ме погалиш по косата и да оставиш самата да се извлечам од мојата школка. 

Кога се гледам во огледало, гледајќи ја кожата која старее, треба да знаеш дека е доволно да ми кажеш: „Убава си“, иако и двајцата знаеме што се случува со мене. 

Кога ќе помислам дека сум промашен случај, треба да знаеш кои зборови ќе го ублажат тоа кукање, додека не ме фатиш за рака и не ме одвлечеш од рутината која ме гуши.

Кога крварам, треба да знаеш како и со што да ми помогнеш.

Кога ќе помислам дека сум во мрак, треба да знаеш дали да ги повлечеш завесите во соба. 

Кога ќе те оттурнам од себе, треба да знаеш дека јас сакам да те привлечам, но не знам како да го покажам тоа.

Треба да знаеш дека јас не сум едноставна како некои жени, дека јас комплицирам сѐ што може да биде едноставно.

Љубовта станува комплицирана тогаш кога едниот од нас „не умее со другиот“.

Кога ти не умееш со мене, кога јас не знам како со тебе. 

Кога моето отерување по ѓаволите не умееш да го чуеш како: „Ми требаш“.

Кога твоите раце не умеат да ги прочитаат знаците на моето тело.

Кога твоите усни не откриваат никакви тајни од моите усни.

Кога твоите прсти кои си ги вплеткал во моите, не чувствуваат што зборува срцето.

Кога во моите очи не гледаш ништо повеќе од подочњаци.

Кога бројот на моите воздишки ништо не ти значи.

Мора да знаеме како еден со друг. 

Јас со тебе и ти со мене.

Инаку, подобро е да се разделиме пред да се раздени.