Со медитација против болести и осаменост

Ако сакате да го подобрите својот имунолошки систем или да се ослободите од осаменоста, најдобро ќе биде да одвоите малку време за себе и да почнете да медитирате.

Научниците тврдат дека техниката на медитација успешно го намалува чувството на изолираност, а истовремено го јакне умот и телото во борбата против болестите.

Истражувачите истакнуваат дека нивните резултати ги даваат први индикации дека имунопрофилите на клетките се модулирани од психолошка интервенција и дека намалувањето на маркерите на воспаление е особено важно, бидејќи тоа придонесува за спречување на широк спектар на закани по здравјето, вклучувајќи го канцерот, кардиоваскуларни болести и невродегенеративни болести.

Научниците сметаат дека ова откритие е доста важно посебно за постарата популација, бидејќи овозможува нови пристапи и превенции во лекувањето на осаменоста, а и во многу здравствени тегоби.