Со концертот „Ѕвездена музика“, Филхармонија ја стартува новата концертна сезона

„Ѕвездена музика“ е насловот на концертот на оркестарот на Филхармонијата, кој ќе се одржи денеска во 20 часот. На програмата е компилација на делото – „Прстенот“ на Рихард Вагнер, како и концертот за тромбон и оркестар „Старгејзер“ од Џонатан Дав. Диригент е Тимоти Редмонд, а солист Питер Мур од Велика Британија. 

Тромбонистот Питер Мур на 12 години, во 2008 година, стана најмладиот победник на натпреварот за млади музички уметници на Би-би-си. На 18 години Мур беше назначен за коглавен тромбонист на престижниот Лондонски симфониски оркестар.