Со концерт на „Фолтин“ завршува „Скопско лето“

Со концерт на групата „Фолтин“ вечерва во Сули ан завршува овогодинешното Скопско лето.

Фолтин е една од најпознатите групи од Македонија. Постои од 1997 година. Зад себе има седум самостојни албуми, музика за преку 20 театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.

Музиката на Фолтин обично се опишува како духовита, страсна, со жешка танцувачка атмосфера. Освен на македонски, пеат и на ткн. „спонтан есперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици.