Со „изгубената“ вода на Водовод од 2018, може да се наполни цела скопска котлина како езеро

Во Извештајот на Водовод за 2018 година се наведува дека дури една третина од пивката вода која влегла во водоводните цевки истекла некаде по патот. Тоа не е вода која е ненаплатена (украдена) од диви приклучоци или потрошена за наводнување на зеленило или слично. Станува збор за дури 34.158.252 кубни метри кои завршиле во земја или тоа се вкупно 13.665 олимписки базени кои ако би се наредиле еден до друг, би ја наполниле скопската котлина како едно езеро, јавува весникот Вечер.

Ако се погледнат бројките во Извештајот кои покажуваат колку вода која влегла во водоводните цевки, некаде се изгубила поради разни причини, поточно не била фактурирана од службите на „Водовод и канализација“. Имено, во Извештајот стои дека за потребите на скопските домаќинства и за стопанските капацитети биле фактурирани 38.428.242 кубни метри вода, што е 37,7 проценти од вкупното годишно производство.

А каде отишле тогаш останатите количини води? Во Извештајот се наведува дека дури една третина од пивката вода која влегла во водоводните цевки истекла некаде по патот. Тоа не е вода која е ненаплатена (украдена) од диви приклучоци или потрошена за наводнување на зеленило или слично. Станува збор за дури 34.158.252 кубни метри кои завршиле во земја или тоа се вкупно 13.665 олимписки базени кои ако би се наредиле еден до друг, би ја наполниле скопската котлина како едно езеро.