Со други зборови: Ве казнуваме кога сакаме

На ѕидот на сообраќајниот срам вчера од страна на граѓаните беше објавено предупредување кое што се однесува на зонското паркирање во општина Центар или поточно во близина на Агенцијата за вработување во населбата Капиштец.

Генералниот проблем за кој што се јавуваат реакциите е информацијата на таблата дека зонското паркирање во овој дел од градот важи само за периодот од 8 до 15 часот (фотографија 1), но според искуствата на возачите тие добиваат казни за недозволено паркирање и по 15 часот. (фотографија 2).

Впечатокот на граѓаните е дека во овој дел од градот секој казнува како што сака. Од надлежното претпријатие за спроведување на паркинг регулативата сеуште нема реакција.