Снимка од пожарот на Граничниот премин: Огнот голташе сè пред себе

На граничниот премин Ново Село-Златарево на македонско-бугарската граница поради вчерашниот пожар, во кој изгоре административната зграда од бугарска страна, се пропуштаат само патнички возила. Товарниот сообраќај е во прекин.

Товарните возила се пренасочуваат кон граничните премини Ѓуешево-Деве Баир и Станке Лисичково-Делчево.

Во вчерашниот пожар целосно изгоре административната зграда од бугарска страна. Нема повредени лица, но е причинета огромна материјална штета.

Уништени се многу документи. „БГНЕС“ пренесува дека вработените се обиделе да го изгаснат и локализираат пожарот, но не успеале.