Снимка од апсењето на поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски

Судот му одреди 30-дневен притвор на поранешниот директор на Службата за заеднички и општи работи, Васе Доневски.

Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми денеска истакна дека во рамки на предистражната постапка за проневерени околу 11 милиони евра преку тендер спроведен од владината Служба за општи и заеднички работи, што го добила компанијата Секјуриком, меѓу другото, запленето било патничко возило што ги поврзува инкриминираните страни.

Доневски и второпријавениот се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување и соизвршителство, информираа денеска од Финансова.