Новото засилување на Милан Леонардо Бонучи, тренерот Виченцо Монтела и поранешниот голман Кристијан Абиати биле снимени од скриена камера во просторијата каде што седеле, како ја гледаат жрепката за плеј оф фазата во Лигата на Европа.

Милан за противник го доби македонскиот вицешампион  Шкендија, а Бонучи и Монтела се чудеа „Која е Шкендија?”

Првата средба помеѓу Шкендија и Милан се игра на 17. август во Милано, додека седум денови подоцна ќе ги одмерат силите во Скопје.