Во Театарот за деца и младинци вечерва во 19 часот е претставата “Снежната кралица”, на Ханс К.Андерсен во режија на Драгана Милошевски-Попова.

Режисерката ја концепира фабулата низ чудесното патување на девојчето Герда. Таа е подготвена да направи се за да го пронајде својот пријател којшто е заробен во смрзнатото срце на Снежната кралица, покажувајќи ни ја моќта на вистинското пријателство.

Ова е претстава за љубовта и растењето испишани од перото на едно дете. Во претставата се натпреваруваат две доминантни сили.
“Снежната кралица” со своите невидливи сили, лукавоста и злото на која ја тера осаменоста, е претставник на ладниот разум и не може да сфати дека постојат наспроти неа такви кои што се спремни да се откажат од сопствениот интерес и да се жртвуваат заради љубовта и пријателството.