Иако низ градовите во Македонија се уште нема снег, планините овој период можат да се пофалат со вистинска снежна, зимска идила.
Љубителите на снегот и на скијањето, секој слободен момент го користат за да ги посетат македонските убавици, а Маврово и Попова Шапка одсекогаш биле идеални за уживање, одмор и рекреација.
Додека едни се рекреираат во скијањето, други уживаат во прекрасната бела глетка, трети на мир го пијат топлиот чај, секогаш има и такви кои се задолжени за фотографирање на овие места.
Ние издвоивме неколку фотографии од снежната идила на Маврово и Попова Шапка.