Снегот го затвори граничниот премин Богородица - 70 камиони чекаат на граница

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утринава остварен е контакт помеѓу раководител на смена на полициската станица за граничен премин Богородица  со раководител на смена на граничен премин Евзони во врска со застој при влез во Грција за товарен сообраќај.

Од страна на грчките полициски службеници добиено е известување дека од 2 часот, не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата.

Од ваквиот тек на настаните, во меѓупросторот, за влез во Р.Грција чекаат околу 70 товарни возила.