Бактеријата МРСА вчера била пронајдена во нос кај четири деца во градинаката „Снежана" во Чаир. Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски" едно дете ја имало оваа опасна бактерија, информираа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Минатиот месец мајка пријавила дека кај нејзиното дете во нос била пронајдена бактеријата МРСА, па по земените брисеви кај 37 деца, кај три од нив 3 била откриена таа бактерија, а кај две стафилококус ауреус.

„Наложено е да се направи дезинфекција, проветрување и сите други мерки во вакви ситуации, а децата се лекуваат и не доаѓаат во градинка“, информираа од ДСЗИ.

Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ биле земени брисеви од сите деца во одделението и кај ниту едно не е пронајдена бактеријата. И таму е направена дезинфекција и преземни се мерки за заштита.

Лекарите велат дека не е ново метицилин резистентна (МРСА) да биде пронајдена во нос.

Од ДСЗИ велат дека нема ниту еден фактор кој треба да делува вознемирувачки, екипите на Центарот за јавно здравје се на терен, издадени се мерки, децата се излоираа и се ставија под терапија кај матични и соодветни специјалисти. Бактеријата може да се лечи со антибиотици.