Смокви – еликсир на младоста

Смоквите се омиленото овошје на голем дел од луѓето, а освен добриот вкус тие нудат многу бенефити за нашето здравје.

Се смета дека смоквите потекнуваат од Турција, а нивната најголема популарност е во Античка Грција, каде станале основен дел од традиционалната исхрана.

Грст смокви влијае на подобрување на расположението и намалување на нервозата, а ќе ве спаси и од несоница кога не можете да заспиете. Дополнително, смоквите ќе ја подобрат вашата концентрација, фокус и паметњее бидејќи ја стимулираат работата на клетките и ја поттикнуваат размената на материите во мозокот.

Тие се многу здраво, но и калорично овошје. Сувите плодови содржат околу 50-70 % шеќери и поради тоа, тие не се препорачуваат за дијабетичарите. Освен тоа, смоквите содржат витамини од групата Б, витамин Ц и бета каротен, додека пак од минералите содржат калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо и бакар. Количината на магнезиум е три пати поголема кај сувите смокви отколку кај свежите. Затоа и сувите смокви се многу важен извор на минерали кои се неопходни за мускулите, крвните садови и нервните клетки.

Во светот е раширена употребата на смоквите како превентивно средство против рак, додека пак смоквите имаат силно антисептичко и дезинфекциско фелување. Млечниот смоквин сок помага и кај глистите и проблемите со цревата, а помага и кај израстоците на кожата. Ова овошје е познато и како благо средство за чистење на организмот, а притоа не предизвикува грчеви и дијареа.

Смоквите помагаат и во намалување на крвниот притисок, бидејќи се одличен извор на калиум – важен минерал за контрола на крвниот притисок. Тие можат да помогнат и во однос на намалувањето на килограмите, но треба да се внимава на нивното конзумирање поради количеството на шеќери.

Тие се и вистински елисир на младоста благодарение на многуте антиоксиданти кои го штитат организмот од слободните радикали, со што се забавува стареењето.