Смилевски на работна средба со градочалниците на Мостар и на Зрењанин

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски деновиве е во официјална посета на Мостар, Босна и Херцеговина, каде што вчера оствари работна средба со градоначалникот на Град Мостар, Љубо Бешлиќ, како и градоначалникот на Град Зрењанин, Чедомир Јањиќ.

На средбата градоначалниците дискутираа за можните области во кои би ја развиле идната заедничка соработка,како и желба истата во иднина да се продлабочи.Посебен акцент беше ставен на размената на идејни решенија и позитивни искуства од работењето на локалните самоуправи во областа на урбанистичкото уредување, заштита на животната средина, култура,како и развој на локалниот туризам како еден од алките за промоција на посебните природни обележја кои ги поседува секоја општина.

Инаку, во рамки на посетата на Меѓународниот саем за земјоделство, економија, храна и туризам Денови на црешата 2019, кој се одржа вчера во Мостар, беше потпишан Меморандум за соработка и пријателство меѓу општина Бутел и Градот Мостар ,со кој се официјализира понатамошната заедничка соработка.