Дали сте знаеле дека една од причините поради која смеењето од срце е добро за здравјето е фактот дека искреното смеење ја поттикнува здравата циркулација на лимфа. Всушност, ваквото смеење целосно го чисти и јакне организмот.

Тука не станува збор за пристојно смеење, туку вистинско смеење поради кое се стегаат стомачните мускули, а од очите дури и течат солзи радосници.

Не ви е јасно каква врска има смеењето со лимфниот состав? Размислете малку од што е составен.

Што  е лимфен состав?

Лимфниот систем се состои од серија на садови кои поминуваат низ телото, како и крвните садови. Најмалку се лимфните  капилари, кои се наоѓаат во слојот од крвните капилари. Овие многу пропустливи вени го апсорбираат вишокот на течност од околните ткива, и го испраќаат во поголемите собирни лимфни садови кои ја пренесуваат лимфата на основни садови. Тие се спојуваат и формираат лимфни канали, од кои течнста оди во вените.

Тука и таму лимфните садови поминуваат низ лимфните јазли, кои можат да бидат  мали како зрно грашок или големината на бадеми. Групи на лимфни јазли се наоѓаат на телото околу пазувите, вратот, градите, стомакот и слабините.

Лимфни садови можат да патуваат и да предизвика разни болести. Поради оваа причина,  лимфниот систем го потпомагаат лимфните органи. Во нив спаѓаат лимфните јазли (се наоѓа по должината на збирните лимфните жили), слезина, градна жлезда, крајниците, слузно црево и насобраните лимфни чворови во тенкото црево. Овие органи се учествуваат во производството и подхранување на лимфоцитите, главните клетки на имунолошкиот систем. А здравиот лимфен состав придонесува за здравјето на телото.

Задачи на лимфнииот состав

Лимфата непрестано ги собира отпадните течности кои ги опкружуваат ќелиите, ја испираат оваа течност и ја враќаат назад во крвта. Лимфните жили ја пренесуваат оваа течност по целото тело, додека лимфните чворови ги користат специјализираните бели крвни жили кои ја чистат, ги отклонуваат отпадните материи, мртвите ќелии, па дури и несаканите микроорганизми.

Јасно е дека јак и лек земан во континуитет за лимфата нужен е за чистење на телото кое тогаш ќе биде во добра состојба.

Да се вратиме на смеењето. Искреното смеење коe го тресе стомак влијае на забрзаното вибрирање на дијафрагмата горе-доле, што пак прави притисок на централните лимфни жлезди кои поминуваат низ средината на телото. Всушност, кога и да се смеете од срце, дијфрагмата станува своеврсна пумпа која поттикнува лимфна циркулација. На ист начин како што срцето ја тера крвта низ крвните жили.

Но,бидејќи смеењето од срце е се поретко, постојат и уште некои начини на кои можете да го раздвижете лимфниот состав :

1.Почесто дишете длабоко, користејќи ја дијафрагмата.

2.Движете се, движете се, движете се

Лимфните жили се опкружени со големи мускулни групи. Колку се движите повеќе, вашите мускули се’ повеќе ги притискаат лимфните жили, а тоа повторно ќе поттикне добра циркулација на лимфата.

Сите лимфни жили содржат многу залистоци кои насочуваат течноста во посакувниот правец. Имено, лимфата тече само во еден правец – кон срцето.

3.Јадете храна која ги одржува крвните жили флексибилни.

Многу лимфни жлезди одат напоредно со артериите, а здравата циркулација во артериите создава јако пулсирање кое ја поттикнува и текот на течноста во лимфните жили.

4.Лимфна дренажа

Кај овој вид „масажи“ важно е да ве дренира лице кое има медицинско образование и искуство. Главна цел на дренажата е да се поттикне лимфната циркулација и индиректно, крвната циркулација, имунолошкиот систем како и автономниот нервен систем. Има значајна улога во намалувањето на обемот на екстремитетите поради создавњето на лимфедемот, кој претставува естетски и функционален проблем.