Смеа до солзи: Сашко Коцев облечен како кумановска невеста (ВИДЕО)

Облечен како кумановска невеста, водителот на 20. издание на музичкото шоу Златна Бубамара на популарноста, Сашко Коцев, после сите лудории што ги направи, при крајот на вечерта се појави и во невестински фустан.

Не се двоумеше многу пред да почне да со шегувања на сметка на австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц кој е чест гостин во Македонија, но и миленик на жените.

„Да клекне туј, од татка да праша, може ли да га земе руку на ову небричену невесту“, се шегуваше Коцев.

Видео: Телеграф