Словенија нуди награда за наоѓачот на кучето ѕверски претепано во Чаир (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

Претепаното куче во скопската населба Чаир, за кое здружението Анима мунди веќе информираше, сѐ уште не е пронајдено, а неколку меѓународни здруженија веќе даваат и награда за пронаоѓање на кучето.

Здружение од Словенија алармира и нуди награда од 500 евра за да се пронајде кучето од Чаир, кафеав пит-бул, кое неделава, среде бел ден било тепано со шипки и палки откако наводно нападнал коњ. Тепан е, велат сведоци, така дивјачки, со палки, со употреба на електро шокови за да потоа, така немоќен, осакатен, додека цвилел, бил заврзан за нога на дрво, по што кучето повеќе не е видено.

Здружението за заштита на животните Анима мунди добило бројни повици од меѓународни здруженија со апели кучето да се најде и да му се помогне.

„Завод Пит“, силна меѓународна организација за заштита на кучиња злоставувани во борби (лоцирана во Словенија), поддржана од организации од Германија, Англија , Австрија, нуди 500 евра награда за секој кој ќе каже каде е ова куче.

new nike air max 2019