Со голема напнатост заврши натпреварот меѓу Македонија и Словенија со резултат 25:24 со победа за Македонија.

Во текот на второто полувреме Македонија водеше со два гола разлика, потоа резултатот се изедначи и до крајот беше целосно неизвесно.

Првото полувреме меѓу Македонија и Словенија заврши со резултат од 11:11 во рамките на Ц-групата на Европското првенство што се одржува во Загреб, Хрватска.

Во првото полувреме Словенија водеше цело време со два гола разлика, а пред самиот крај на полувремето Македонија го изедначи резултатот.

Македонските ракометари беа бодрени околу 2.000 навивачи, а Словенија имаше помош од околу 5.000 навивачи.

Најефикасни во македонската селекција беа Дејан Манасков со осум и Кирил Лазаров со седум погодоци.

Следниот дуел Македонија го има со Црна Гора в понеделник во рамките на 2. коло од Ц-групата.