Слонови доаѓаат во Зоолошка по 24 години - погледнете како ќе изгледа нивното живеалиште (фото)

По 24 години во скопската зоолошка градина ќе пристигне слон. Живеалиштето се гради со полна пареа. Се прави комфорен дом за два слона, но се мисли и на дел за нивни иден потомок. Јорданчо Милошевски, директор на зоолошката градина, ни соопшти дека се во тек преговорите за два слона, но сѐ уште не е склучен договор.


- Зоолошката градина Скопје имала слон во збирката животни, и тоа индиска слоница по име Анка, која живеела од 1964 до 1992 година. По 24 години, до крајот на оваа година или на почетокот на наредната, повторно ќе имаме слон – за Нова македонија, најави Милошевски.

Проектираното живеалиште за слонот, кое во моментов е во изградба, се состои од внатрешен и од надворешен дел. Се наоѓа на местото на старото живеалиште на јаковите, биковите и ноевите.


Надворешното живеалиште, како примарно, ја пресликува природната околина на слонот, при што ќе се обрне внимание на подлогата, водните простори, елементите за декорација и анимација на слонот и целото е обвиткано со зеленило.

Живеалиштето е предвидено за два слона