Слободно замини си ако не те правам среќен, само немој да се однесуваш лошо со мене

Драг иден дечко,

Пред да почнеме нешто сакам да знаеш дека јас сакам сѐ или ништо. Не се ни труди да почнуваш нешто со мене доколку не сакаш вистинска врска. Не ми ветувај вечна љубов ако планираш да ѝ се додворуваш на секоја девојка која ќе ја сретнеш.

Не ми ветувај дека ќе бидеш покрај мене и во добри и во лоши моменти ако не си способен да го направиш тоа. И најважно од сѐ, не ми кажувај дека ме сакаш ако не го чувствуваш тоа.

Јас сум девојка која минала низ сѐ и сешто во нејзиниот живот. Знам како е да се биде во врска со човек кој со сите е фин, освен со мене. Сум била со неколку луѓе кои ми кажувале дека ме сакаат само затоа што мислеле дека тоа е она што сакам да го чујам.

И затоа едноставно те замолувам да не правиш будала од мене.

Ако не ме сакаш, слободно оди си. Нема да се налутам. Сериозно, тоа е сосема океј. Но, немој да бидеш со мене и сепак да се однесуваш лошо. Јас не го заслужувам тоа. Заслужувам маж кој ќе ме сака длабоко и страствено, без ограничувања. Сакам сѐ или ништо!

Знам дека сум хаотична, факт е дека не сум совршена и затоа ќе те разберам ако не сакаш да бидеш со мене. Ниту пак сакам да бидеш со мене ако си несреќен и ако не можам да те направам среќен.

Само сакам да бидеш искрен со мене. И толку.

Не очекувам вечност, само сакам да бидам среќна додека трае врската. Љубовта не треба да биде комплицирана.

Следната врска сакам да биде поинаква. Без болка. Без солзи. Без грешки. Конечно сакам да ја искусам љубовта за која луѓето пишуваат книги.

Сакам љубов која ќе прави целото тело да ми трепери. Сакам љубов и среќа кои ќе ги надминат сите лоши работи во животот. И знам дека нѐ чекаат и лоши периоди, но заедно можеме да ги поправиме.

За крај, сакам да те потсетам дека јас сум девојка која сака сѐ или ништо. Па затоа, не се заљубувај во мене освен ако не планираш да останеш до крај!

new nike air max 2019