Слободни работни места во АЛКАЛОИД, ПОРШЕ - Македонија, МВР, ОЛИМПИА МОТОРС, ПРОМЕС, DFLABS...

Оглас за вработување во ДФЛАБС

DFLABS International is a company specializing in cyber incident management and response and forensic analysis with reducing the financial losses of the company.

DFLABS International is looking for four web developers with experience in the following areas:

 - Very good knowledge of PHP, PHP5
- Good knowledge of: JAVA, JavaScript, JQUERY, database SQL, HTML, CSS, Linux fundamentals

 Represent a Plus:

 - First degree and English language
- Scripting language (Bash, Python)
- Use of Mongo Database

-Seniority: 2-3 years, but we can evaluate more junior profile

 Other aspect

 -Availability to travel, work on team and be autonomous.

 We offer an excellent working environment where you're part of a team of experienced young people with the opportunity to travel and competitive salary. Also it is required to be fluent in English language . Send your CV to the following email: bg@dflabs.com

Краен рок за пријавување: 31.07.2016

АЛКАЛОИД

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Осум децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ...

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, да ги остварите своите амбиции и визија за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, внимателно проследете ја следната информација:

А Л К А Л О И Д    А Д    С К О П Ј Е 

има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили:

 

1. Магистер по фармација – ВСС
2. Доктор по општа медицина – ВСС
3. Доктор по стоматологија – ВСС
4. Хемиски инженер – ВСС
5. Технолошки инженер – ВСС
6. Машински инженер – ВСС
7. Електротехнички инженер – ВСС

8. Лабораториски биоинженер – ВС
9. Фармацевтски техничар – ССС
10. Хемиски техничар – ССС
11. Медицински техничар – ССС
12. Електротехничар – ССС
13. Машински техничар – ССС
14. Бравари, котлари – ССС

 

Доколку сакате да влезете во листата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, Ве замолуваме да аплицирате на еден од следните начини:

 - со достава на писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи на електронската пошта career@alkaloid.com.mk, со назнака „За влез во потенцијалната база на кандидати“;

 - со достава на писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи по пошта на адреса бул. „Александар Македонски“ бр. 12, 1000 Скопје, со назнака „За Одделот за човечки ресурси“ или

 - со креирање личен профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk.

 Можноста за пријавување е отворена во текот на целата година.

 Алкалоид АД Скопје го задржува правото, доколку се појави потреба во текот на годината, да исконтактира со заинтересираните кандидати.

Краен рок за пријавување: 31.12.2016

Останатите огласи погледнете ги на следната страница:

 

Оглас за вработување во ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА... Отворени се повеќе работни позиции

Порше Македонија, компанија која 10 години е лидер во автомобилската индустрија во Македонија, поради проширување на своите сервисни капацитети и максимизирање на квалитетот на услугите кон своите клиенти, има потреба од:

Сервисни советници за прием на возила
Автомеханичари
Мехатроничари
Фарбари
Спремачи во лакирница

Нудиме работа во динамична средина, компетитивни месечни примања и постојано надградување на знаењето со обуки и тренинзи.

Доколку сте мотивирани и истрајни, способни за тимска работа, имате работно искуство во соодветните области и сакате да бидете дел од еден силен и посветен тим испратете ваше CV на office@porsche.com.mk

Дискрецијата е апсолутно загарантирана за сите апликации. Рокот за пријавување на кандидатите е до 15 август 2016 година. За детални информации контактирајте на телефонот 02 / 26 03 753.

Краен рок за пријавување: 15.08.2016

 

Олимпиа Моторс Доо

Олимпиа Моторс Доо - Скопје овластен дистрибутер и сервисер за возилата од гамата Opel и Chevrolet објавува оглас за платена практична настава во Олимпиа Моторс во времетрање од три месеци за следните позиции.

Практична настава на студент од профилот машинец – моторни возила. Практикантот за време на практичната настава ќе биде дел од сервисниот тим и ќе биде ангажиран во тој сектор. Во текот на истата практикантот ќе се стекне со следните вештини и знаења: директно учество во работењето во сервис и приемното оделение, прием и предавање на возила, изучување на процедурата во постпродажба, стекнување на комуникациски вештини – директни со клиенти и телефонски, стекнување на работна навика. Сите заинтересирани е потребно да ги достават своите CV-а најдоцна до 20.07.2016 год. на: vrabotuvanje@olympiamotors.com.mk со назнака: Практикант сервис.

 Оглас за платена практична настава во Олимпиа Моторс

Практикант за сектор Продажба и Грижа за клиенти. Практикантот ќе бидe ангажирана во директна комуникација со клиенти, телефонски опслужувања и контактирање со корисници, подготовка на понуди, учество во промотивни активности, ажурирање на страна на Facebook, изготвување на newsletters и слично. Во текот на истата практикантот ќе се запознаe со процедурата за Продажба, како и со целокупното работење на секторот. Сите заинтересирани е потребно да ги достават своите CV-а најдоцна до 20.07.2016 год. на: vrabotuvanje@olympiamotors.com.mk со назнака: Практикант продажба.

Краен рок за пријавување: 20.07.2016

 

Останатите огласи погледнете ги на следната страница:

МВР објавува оглас за вработување, отворени се 600 работни места!

Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник, 6р. 42/2014, 116/2014, 33/2015, 120/2016 и 127/2016) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на РМ„ бр. 114/2006, 6/2009, 145/2012, 41/2014, 33/2015 и 120/2016), a во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на РМ„ бр. 8/2015).

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

РАСПИШУВА

ЈАВЕН ОГЛАС

За прием на 600 извршители на работно место „Полицаец, за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:

1 во Организациски единици со седиште во Скопје 100 извршители
2. во Регионален центар за гранични работи СеверСкопје 70 извршители
3. во Регионален центар за гранични работи Југ 45 извршители
4. во Регионален центар за гранични работи Запад 50 извршители
5. во Сектор за внатрешни работи Охрид 30 извршители
6. во Сектор за внатрешни работи Струмица 20 извршители
7. во Полициска станица од општа надлежност Кисела Вода 19 извршители
8. во Полициска станица од општа надлежност Аеродром 39 извршители
9. во Полициска станица од општа надлежност Бит Пазар 12 извршители
10. во Полициска станица од општа надпежност Гази Баба 50 извршители
11 во Полициска станица од општа надлежност Драчево 16 извршители
12. во Полициска станица од општа надпежност Ѓорче Петров 34 извршители
13. во Полициска станица од општа надлежност Карпош 33 извршители
14. во Полициска станица од општа надлежност Центар 39 извршители
15. во Полициска станица од општа надлежност Чаир 43 извршители

1 .Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-да е полнолетен, a да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;
-активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилично писмо;
-со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;
-да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
-да е здравствено и психофизички способен и
-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија дејност или должност

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена) -висока лична физичка подготвеност.

З. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-извод од матична книга на родените,
-диплома за завршено четиригодишно средно образование;
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност и
-две фотографии, со димензии 3, 5 см х 4, 5 см.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

-Сектор за внатрешни работи Скопје:
-Полициска станица од општа надлежност Гази Баба,
-Полициска станица од општа надлежност Бит Пазар и
-Полициска станица од општа надлежност Карпош,
-Сектор за внатрешни работи Битола;
-Сектор за внатрешни работи Велес;
-Сектор за внатрешни работи Куманово;
-Сектор за внатрешни работи Тетово;
-Сектор за внатрешни работи Охрид;
-Сектор за внатрешни работи Струмица,
-Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на работно место за кое се пријавува согласно точка 1 од огласот.

Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.

Потребната документација од точка 1 кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08, 3016, 30 часот).

4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот и истата се спроведува во следните фази:
-Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);
-Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 склекови за 10 секунди, најмалку 16 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 220см, спринт на 20 метри за најмалку 3, 35 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 15 секунди и трчање на 1500 метри за најмалку 5, 25 минути и за жени: најмалку 6 склекови за 1 0 секунди, најмалку 1 2 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 160 см, спринт на 20 метри за најмалку 3, 50 секунди, спринт на 1 00 метри за најмалку 1 8 секунди и трчање на 800 метри за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),
-Психолошки тест (проверка на интелектуалните и емоционалните способности) -Писмено тестирање (општообразовен тест),
-Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),
-Безбедносна проверка и
-Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

б. Министеретвото за внатрешни работи ќе врши безбедносна проверка на пријавените лица врз основа на нивна претходно дадена писмена согласност Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството

7. 3дравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8 При спроведување на селекцијата на пријавените пица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата. националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена полсѕжба.

9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од (1 една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас.

10. По завршување на основната обука, Министерството за внатрешни работи со кандидатот за полицаец кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството.

1 1 .Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

12. Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Краен рок за пријавување: 31.07.2016