Слики од животните од ЗОО Скопје ќе ги разубавуваат домовите низ светот

Од Скопската зоолошка градина информираат дека отсега слики од животните од ЗОО Скопје ќе разубавуваат илјадници домови ширум светот. Имено, на „ICanvas“ - најпознатиот светски сајт за продажба на wall art (ѕидна уметност) на платно веќе се достапни слики од животни од ЗОО - Скопје кои можат да се набават онлајн.