Следуваат врнежливи денови

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува денеска во државата. На места се најавуваат пообилни врнежи проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринава, температурите се движат од 9 до 16 степени, а дневните се очекува да се искачат од 16 до 25 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до 13 степени и дневна до 21 степени.

Променливо облачно време со локален дожд ќе се задржи и во среда и во четврток. Веќе од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.