Следуваат температури над 30 степени

Денес е вторник, 30 мај 2017 година, 150-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:57, а ќе зајде во 20:03 часот. Денот ќе трае 15 часа и 06 минути. 

И денешниот ден во најголем дел од Македонија го започнуваме со претежно сончево и топло време, a во источните, крајните западни и северозападните предели имаме појава на локална облачност. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Попладне во западните и југозападните како и во крајните источни предели услови за развој на нестабилност која што ќе услови слаби и локални врнежи од дожд, а во останатите предели и понатаму ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен слаб западен и северозападен ветер. Утринската температура од 5 до 13 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 19 односно до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 7. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 12 степени, додека пак максималната дневна до 28 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло време, со дополнителен пораст на дневните температури. Попладне во западните и југозападните како и во крјаните источни предели со услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 7 до 15 степени, а максималните дневни од 21 до 32 степени. Во четврток претежно сончево со појава на локална облачност и уште потопло време со дневни температури кои што ќе се движат од 23 до 33 степени. Во петок и сабота дестабилизација на времето. Наутро и претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност попладне развој на нестабилност и услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Во петок минималните температури од 10 до 18 а максималните од 21 до 31 степен, додека пак во сабота утринските од 9 до 17 степени, а дневните од 19 до 29 степени.

Weather4all.com.mk