Следува драстично намалување на температурите, невреме и нов температурен шок

Утре во Македонија од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Локално е можна и појава на невреме.

В понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд.  Во недела ќе дува умерен, а во понеделник и вторник засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на максималната температура, која во понеделник ќе биде најниска во интервал од 21 до 29 степени.

Од вторник ќе има стабилизирање на времето, температурата ќе биде во благо покачување.