Следете во живо: Венко Филипче ќе одржи прес-конференција

Владата извести дека министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, денеска (недела, 29.03.2020 година), во 12:30 часот, ќе одржи прес-конференција.

Акредитираните новинари за онлајн видео вклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.

Прес конференцијата е по вчерашниот прв ден пауза на Филипче откако започна кризата со коронавирусот во нашата земја.

Вчера беше регистриран и смртен случај на стружанка позитивна на коронавирус која не била примана во болница за што ОЈО веќе отвори предмет. Претходно и Министерството за здравство најави ревизија за случајот.