Славески: Главната цел на владините мерки за жал не е поддршка на економијата

Професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во гостувањето во Топ Тема на телевизија Телма истакна дека главната цел на Владините мерки за жал не е поддршка на економијата. Тој посочи дека Владата настапува триумфалистички кога станува збор за државната помош за стопанството, а се трошат пари на граѓаните, пари кои за жал нашата држава во моментот ги нема. Ваквото однесување на Владата според Славевски е резултат на тоа што на државата и претстојат предвремени парламентарни избори и наместо да му се помогне на стопанството се води политика.

-Не знам дали на крај ќе имаме средства, сили за поддршка на оние извозни компании кои што треба да ја повлечат македонската економија. Имено дури и самиот наратив, самиот настап на промоторите на овие сега мерки би требало да биде малку поскромен. Знаете зошто би требало да биде по скромен? Прво затоа што трошиме пари на граѓаните на Република Македонија и второ трошиме пари кои што во моментов ги немаме. Видете некако се натапува триумфалистички, ние сме тие кои што ќе ги помагаме македонските граѓани, различни структури итн. тоа е обврска на Владата, тоа го прават и други земји. Во таа смислам мислам да нема таков наратив и настап кој што не може да се одлепи од тоа дека престојат избори во Република Македонија. И токму заради тоа адресирањето на овие структури, ранливи групи, нискодоходни групи упатува на тоа дека главната цел не е за жал поддршка на економијата, вели Славески.

Извор: Лидер