По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост и Денот на лицата со телесен инвалидитет на РМ, компанијата Славеј АД Скопје организираше интерактивна Стендап комедија во изведба на Весна Петрушевска, проследена со коктел забава воДаре Џамбаз. Настанот беше со отворена покана за сите лица со телесен хендикеп во земјава и помина со многу забава, дружење и повеќе од 100 насмеани и среќни лица.

Центарот за ортотика и протетика – Славеј АД Скопје е компанија која со своето работење, со години го олеснува животот на лицата со телесен хендикеп во земјава и се залага за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Основната цел на компанијата е со помош на големиот дијапазон на помагала кои ги нуди, да им овозможи на телесно инвалидизираните лица целосна интеграција во општеството.

Почнувајќи од 1949 година, квалитетот и стандардите кои компанијата ги применува во секој сегмент од работењето, ја одржуваат лидер во областа на ортотиката и протетиката во Македонија и пошироко, а лицата со телесен хендикеп во Славеј не гледаат само потпора за надомест на нивниот хендикеп, туку и пријател и партнер во секојдневниот живот.

Оваа сабота, Славеј организираше интерактивна Стендап комедија во изведба на Весна Петрушевска проследена со коктел забава, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост и Денот на лицата со телесен инвалидитет на РМ. Настанот беше со отворена покана за сите лица со телесен хендикеп во земјава, и помина со многу забава, дружење и повеќе од 100 насмеани и среќни лица.

Со ова, Славеј го продолжува своето залагање за интегрирање на лицата со телесен хендикеп во општеството и покренување на свеста за подобрување на квалитетот на живот на овие лица.