Слатко уживање за студените денови: Џем од киви

Овој џем е здрав и вкусен, а толку сладок така што можете да го конзумирате за појадок или како десерт во текот на денот.

Потребни состојки:

1 кг. киви

700 гр.  шеќер

1 лимон

Начин на подготовка:

Излупете ги кивите и исечете ги на коцки. Ставете ги во голем сад, а потоа додајте го исцедениот лимон. Така нека отстојат околу 3 часа.

Кивите ставете ги во шерпа, додадете  го шеќерот и мешајте така 1 час додека не се згусне добро целата смеса. Добро мешајте и остранувајте ја пената. 

Готовиот џем можете да го ставите во стаклени тегли. Во секоја тегла можете да додадете малку рум или ванила.