Скопското обвинителство побара казни за 20 непочитувачи на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 20 лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

За 19 обвинети обвинителството поведе постапка затоа што не го почитувале полицискиот час и биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Еден од обвинетите не ја почитувал наредбата за задолжителна самоизолација, донесена како мерка за спречување и сузбивање на заразната болест Ковид-19.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.