Скопско семејство живее со 12 кучиња – ги собираат од улица

Животот на семејството Даниловски од скопско, е малку поразличен од другите семејства. Тие се големи љубители на кучиња, па во својот дом сега во мометов имаат 12 кучиња.

Станува збор за кучиња од улица, скитници.

Кучињата ги познаваат луѓето кои ги сакаат. Често кога одам на улица, некое кученце ќе се залепи и ќе тргне по мене. Како да ме знаат дека ги сакам и дека ги чувам, ја почнува прикиказната Цане, кој вели дека откако знае за себе, во својот дом чува кучиња.

Љубовта кон животните, особено кон кучињата, тој ја пренел и на своите две ќерки.

-Пораснав со многу кучиња околу себе. Татко ми секојдневно ќе донесеше по некое дома. Така е и денеска, само што сега и ние со сестра ми го носиме дома. Ми е жал да ги гледам на улица како се мачат, како молат да храна, вели Александра.

Оваа семејсво вели дека многу пати до сега се обвинувани од околината зошто собираат куиња и како можат да ги чуваат, но тие велат дека дома имаат голем двор, кој е заграден и кучињата воопшто не излегуваат надвор.

Тие велат дека до сега најмногу имале 21 куче, но ги подаруваат. Секојдневно бараат вдомувачи на истите.

Кучето откако ќе го земат од улица, го вакцинираат и му ја даваат целата потребна нега.

-Многу храна треба за нив. Сепак не се малку 12 кулиња, но среќа па сите што ги имаме во овој момент се со мал раст, вели Цане.

Неговата сопруга Ленче е невработена, па таа преку ден е задолжена за нив. Да им даде храна и вода, да им исчисти.

-Животот со нив е исполнет, велат тие.

Тие во домот чуваат и Златен ретривер, кој го сметаат како член на семејството. Тој живее заедно со нив во дневната соба.

Александра сега е мајка. Љубовта кон кучињата сега ја пренесува и на својот син, за кој вели дека со сигурност ќе ги сака и ќе биде голем хуманист. 

cheap nike air max 90