Скопскиот сообраќаен срам стигна и до Словенија

Дека повеќето возачи во главниот град се светлосни години од европската сообраќајна култура, веројатно на сите им е повеќе од јасно, но како што може да се види од приложеното, оваа репутација излегува и надвор од македонските граници.

Така возач од Скопје практикувајќи ја катастрофалната навика да се паркираат на места за инвалидизирани лица ја искористил и во Љубљана каде бил фотографиран на паркингот.

- Каде и да одиме, она нашето секогаш е посилно, мора да се паркираме на место означено за инвалиди, иако има огромен бесплатен паркинг, пишува корисник на социјалните мрежи коментирајќи ја оваа фотографија.