Скопскиот дувачки квинтет од денеска до 29-ти овој месец ќе одржи мала турнеја низ Македонија, со цел промоција на класичната музика и во помалите места.

Вечер ќе имаат настап во Радовиш, утре во Делчево, а на 29 јули во Крива Паланка.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, како дел од годишната програма за 2016 година, од висок Национален интерес, а ќе се реализира со Домовите на култура од наведените градови.

Скопскиот дувачки квинтет постои речиси 40 години и претставува дел од една традиција на камерна дружба, меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница, како и дела од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл.