Скопскиот цветен фестивал го збогатија децата од градинките и училиштата од Кисела Вода

Шестиот скопски цветен фестивал што се одржа изминатиов викенд во градскиот парк во Скопје го збогатија  деца од двете јавни детски градинки и општинските основни училишта од Кисела Вода. 

Децата беа дел од големото цветно дефиле кое тргна  од просториите на Град Скопје и се движеше низ градскиот парк.

Тие имаа можност да видат разни видови на цвеќиња и да научат нешто повеќе за нив. 

Училиштата и градинките од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов добија благодарници за учество и придонес на фестивалот.

Манифестацијата „Скопје цвета“ што се одржа под покровителство на Градот Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“ покрај едукативниот дел испрати порака до сите граѓани за зачувување на животната средина.