Скопскиот аеродром: Од мало аеродромче до регионален центар кој руши рекорди

Во присуство на целокупниот државен врв, претставници на турската компанија „ТАВ“ и неколку стотици граѓани, пред повеќе од четири години беше отворен обновениот и реконструираниот аеродром „Александар Велики“. Во рамките на проектот е изградена нова терминална зграда на површина од 40.100 метри квадратни со шест пристапни мостови кон авионите и 23 места за чекирање.

На приземјето од новиот објект се наоѓа делот за пристигнување, со чекална, пунктови за чекирање, споменикот на Александар Велики, неколку штандови на авионски и рент-а-кар компании и угостителски објект. На катот од новата терминална зграда се наоѓа делот за полетување, со пунктови за царина и пасошка контрола, пристапни мостови за влегување во авион и неколку пропратни објекти, меѓу кои и првиот ресторан за брза храна на компанијата „Бургер кинг“.

Покрај новата терминална зграда, ТАВ изгради пристапни патишта кон овој објект и паркинг со капацитет од 1.300 возила. Во рамките на целокупниот проект се изградени и карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, противпожарна зграда и службена зграда со површина од 5.000 метри квадратни. Турците ја проширија и постоечката писта за 500 метри на југ. Инвеститорот вложи 100 милиони евра во овој проект, најмногу во новата терминална зграда, која од 9 – ти септември ќе го прими целокупниот сообраќај на скопскиот аеродром. Со извршената целокупна модернизација истиот ќе има капацитет да опслужи 4,3 милиони патници годишно.

Нагорна тенденција на бројката на патници продолжува и понатаму

Последните информации говорат секојдневно се зголемува бројот на патници од скопскио аеродром. Статистиката за месец октомври покажува дека оваа година се регистирани 26 илјади патници повеќе во споредба со истиот месец лани. Вкупната бројка на патници во текот на овој месец е 130 илјади.

Скопскиот аеродром меѓу најдобрите 10 во Источна Европа

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, за чиишто операции е одговорна „ТАВ Македонија“, обебзеди мсто меѓу најквалитетните 10 авиопристаништа во источна Европа на прогласувањето на Светските аеродромски награди „Скајтракс 2015“.

На доделувањето на наградите „Скајтракс“ во рамки на 21-тиот Саем за аеродромски услуги – Passenger Terminal Expo, што се одржа оваа година во Париз, скопскиот аеродром е прогласен за деветтиот најдобар аеродром во источна Европа. Во 10 најдобри се и аеродромите во Будимпешта, Талин, Киев, Рига, Белград, Тбилиси, Софија, Братислава и Варна.

Четврти најбрзорастечки во Европа

"Александар Велики", аеродромот во Скопје е четврти најбрзорастечки аеродром во Европа во категорија под 5 милиони патници годишно.

Извештајот на АЦИ Европа (европско аеродромско трговско тело) се однесува на сите цивилни воздухопловни патнички летови (мрежна покриеност, ниска цена, чартер летови и друго). Најбрзорастечки аеродром во оваа категорија е молдавскиот аеродром во Кишињев со раст на бројот на патници од 32% во првото полугодие од годинава. Втор е белградскиот аеродром „Никола Тесла“, па атинскиот аеродром и веднаш по него е скопскиот аеродром со превезени 559.779 патници или раст во првото полугодие од годинава од 18,5%.

Кој е хендикепот на скопскиот аеродром?

Проблемот со скопскиот аеродром е поставеноста на пистата и конфигурацијата на теренот во околината. Ридовите околу скопскиот аеродром претставуваат сериозен проблем при полетувањето на авионите, особено на поголемите авиони и оние што изведуваат интерконтинентални летови. Ваквата категоризација на скопскиот аеродром, и покрај големата инвестиција што е направена од турската компанија ТАВ, сè уште е сериозен ограничувачки фактор за интерконтинентални летови, и воопшто за едно потемелно планирање на бизнисот на компанијата „ТАВ Македонија“.

Маглата на скопскиот аеродром не е нов проблем. Уште за време на СФРЈ експертите се обидувале да го решат овој проблем. Едно од понудените решенија во тоа време беше изградба на нов аеродром во Овче Поле и автопат од 50 километри од Скопје до таму. Тогашната пресметка била дека една таква инвестиција би чинела околу 100 милиони долари. Федерацијата тогаш не била баш расположена за една таква сериозна инвестиција. Тогаш со аеродромот стопанисуваше авиокомпанијата ЈАТ, која немала ама баш никаков интерес за вакво унапредување на авиосообраќајот во Македонија затоа што и онака сите летови оделе преку Белград.

Тогаш ЈАТ во Скопје слетал и еден авион од Австралија за да докаже дека и од скопскиот аеродром можело да се изведуваат интерконтиненталните летови и целосно да го блокира планот за изградба на нов аеродром во Овчеполието. Меѓутоа и тогаш и сега еден од главните проблеми на скопскиот аеродром е полетувањето, односно должината не само на пистата за постепено кревање на авионот на потребната висина.