Скопски возач се обиде да избега со три килограми марихуана

Полициски службеници кои извршувале редовни активности од областа на сообраќајот, вчера околу 19 часот на улицата „Македонско Косовска Бригада“ и улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје, при издадена наредба за запирање на патничко моторно возило „Пасат караван“ со скопски регистерски таблици, возачот не запрел туку продолжил со движење.

Веднаш се преземени мерки и активности за негово запирање и на регионалниот пат Хиподром- Катланово во близина на Сточен пазар возилото било запрено.

Утврдено е дека возилото го управува Р.Б.(27) од Скопје и при преглед во возилото биле пронајдени околу три килограми марихуана. Лицето било приведено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.