СКОПСКИ ТАKСИСТ: Го познавам градот напамет, сум бил тепан и ограбуван, но оваа случка нема да ја заборавам

Дваесетина години работам како таксист во една скопска компанија. Се поминало низ моето такси, ама приказните на патниците ги памтам, раскажува скопски  таксист.

- Најмногу ми е жал за младите девојчиња, кои со одвај шеснаесет години ги собирам од паркингот кај „Телевизија“. Се сум видел, некои на раце сум ги носел до ќерпичот кај што живеат. Ноќта имале и по шест муштерии - раскажува таксистот Боро, човек со шеесет и некоја и со уредно обликувани мустаќи и куса бела брада.

Таксистот Боро вели дека најтешкото во неговата професија, секако, не се вкочанета половина и отечените нозе. Секое влегување во такси е стапнување на непознат терен. Таксистот е анонимус, на прва тој е само возач. Она што таксистот го доживеал и го видел тој ден, дали е здрав или боледува од рак, сето тоа за патникот барем на почетокот е енигма. Односот е реципрочен. Ни таксистот не знае дали патникот е добро расположен или станал на лева нога, што правел пред да влезе во таксито, но и што може да направи кога веќе влегол.

Тој вели дека бил и тепан и ограбуван, но оваа случка нема да ја заборави.

- Пред некое време кај „Телевизија“ качив три млади девојчиња. Ми кажаа каде да ги возам, двете што седнаа назад ги оставив во центар, а другото требаше да го носам до Kозле. Секој ден носам по некоја проститутка дома, ама ова беше дно. Девојчињата, всушност, беа момчиња, облечени со кратки шорцови, напикани во задникот, со реси на ногавиците, потпетици и проѕирни маичиња. Додека зборуваа со тенок пискав глас, кој очигледно го преправаа, сфатив дека не се женски, туку момчиња-трансвестити. Имаа одвај по 17-18 години - вели Боро. Најчудно од се, како што кажа, му било тоа што имале гради.

- Но, мое беше да ги возам. Излегоа двете што седеа на задните седишта, остана само тоа напред. И ми вели: „Чичко, ај да компензираме. Јас имам секс од задоволство, не им наплаќам на Шиптариве кај ’Телевизија’, ама со тебе ќе се пребијам“. Е, тогаш ми зовре, па ми се слоши. Застанав, излегов од автомобилот, го извлеков надвор и му удрив клоца во големиот задник. Тој избега, а јас повратив - раскажува Боро.

Тој вели дека дома има син и ќерка на возраст од патникот што го возел. И додава дека не ги жали момчињата, туку нивните родители.

- Не ми е првпат да возам проститутки, тоа го правам секоја вечер. Ме знаат, со години ги возам. Имаат мој мобилен, се јавуваат, ги земам и ги носам дома. За секоја знам каде живее, колку муштерии може да издржи на вечер. Досега не се случило проститутка да ме излаже за пари или да избега од автомобилот, чесно си плаќаат колку што ќе покаже таксиметарот, раскажува таксистот Боро.