Бугарската компанија „Довери Брико“ го продаде својот 100-отстотен удел во „Брико Македонија“, сопственик на хипермаркетот „Бриколаж“ во Скопје, кој продава опрема за дом и градина, на компанијата „Брико Косово“ за 1,2 милиони евра, дознава Скопје Инфо.

Бугарскиот „Довери Брико“, покрај за Бугарија, ја поседуваше франшизата на овој меѓународен бренд и за Македонија, при што со оваа продажба и франшизата сега премина кај „Брико Косово“. Бугарската компанија „Довери Брико“ е основата од француски капитал и има свои маркети во 20 земји во светот.

Продажниот салон кои беше отворен во 2012 година и се наоѓа на површина од 3.000 метри квадратни. Нуди широк асортиман, популарно наречени „направи сам“ производи за домаќинство, градежништво и хортикултура.