Скопски автобус се забил во камион: Еден македонски турист загина, 38 се повредени во сообраќајка во Турција (видео)

Најмалку еден македонски турист загина, а 38-мина други се повредени кога патнички автобус со скопски регистерски таблички се забил во камион во близина на градот Едрене, на враќањето кон Македонија.

Несреќата, како што објавуваат турските медиуми се случила во еден часот по полноќ по локално време, кога од се уште не утврдени причини, македонскиот автобус се забил во задниот дел на камион влекач, кој се движел пред него.Од силината на ударот, како што објавуваат турските медиуми, камионот, управуван од 29-годишен Турчин, со себе го влечел автобусот 100-ина метри.

На самото место загинал 45 годишен македонски турист, а 38-мина се пренесени во болниците Кешан и Малкара.

Петмина од повредените се во тешка состојба.Не се соопштува името на туристичката агенција, освен дека во автобусот имало 37-мина туристи и двајца возачи.

Тие се враќале во Македонија од туристичка тура во Истанбул.