Скопската Зоолошка доби нов жител

Сончевиот викенд, кој се најавува, новите животни и новите живеалишта, ќе бидат причина скопската Зоолошка градина викендов да биде полна со посетители.

Но, причина плус ќе биде и тоа што Зоолошката градина во Скопје доби нов жител, односно утрово се роди Лука, син на гордата мајка Голди. 

Зоолошката постојано се збогатува со нови животни, а и се доградуваат нови живеалишта. 

Оваа не е прво бебе во зоолошката градина, а веројатно ќе има и многу други принови. Зоолошката градина во Скопје е основана во 1926 година. Располага со 495 животни од 96 вида, и тоа цицачи, птици и влечуги. Зоолошката е отворена секој работен ден, од 9 до 18 часот.