Скопската жичница секојдневно урива рекорди

Жичницата на Водно е дефинитивно најголемата туристичка атракција во Скопје. Оваа констатација се потврдува со фактот што само во првите десет дена од годинава од средно до врвот на Водно над 10 илјади граѓани стигнале токму со неа.

-Од први до седми јануари жичарницата ја користеле вкупно 5266 лица, додека до 10. јануари, вкупната посетеност била 10311 лица. Во споредба со истиот период од лани бројот на посетители е зголемен речиси за двојно. Имено, во првите седум дена од 2015 година со жичницата се возеле вкупно 3672 лица, додека до 10 јануари, лани посетеноста била точно 4983 лица, информираат од ЈСП.