SkopjeInfo вработува новинари

Друштвото за информатички, технички и консултантски услуги ДМС КОМУНИКАЦИЈА ДОО СКОПЈЕ, Компанија која стои позади првиот градски информатор – веб порталот www.skopjeinfo.mk има потреба од ангажирање на:

Новинари

Идеалниот кандидат за оваа позиција, потребно е да има високо образование познавање и задолжително искуство во областа.
Кандидатот треба да поседува добри комуникациски способосности, да го познава македонскиот јазик и добро да се изразува.

Најважно од се: доколку ти се гледаш во овој оглас треба да имаш желба за работа, пишување, изразување и креативен развој.

Ако сметате дека ги исполнувате горенаведените критериуми и истовремено можете да се пронајдете во некоја од областите на нашата работа, вашата кратка биографија и мотивациското писмо испратете ги на marketing@skopjeinfo.mk (со назнака за оглас за новинари)

Мотивациското писмо треба да биде кратко со клучните поенти за тоа како Вие ќе придонесете околу оваа работа.

Доколку процениме дека Вие сте човекот кој може да биде дел од нашиот тим, по краткиот пробен период следи редовно ангажирање/вработување.  

Работното место предвидува ангажман за пишување новинарски текстови, анализи и интервјуа на теми поврзани со дневните случувања.

Вашите апликации може да ги испратите најдоцна до 20.09.2019 година.