Скопје зафатено од големо невреме, УХМР издаде вонредно предупредување

Големо невреме со дожд и силен ветер и грмежи во моментов има во скопско Лисиче, Аеродром и Кисела Вода.

Невремето се приближува кон Центар и Карпош.

Според УХМР истокот и југоистокот на Скопје е зафатено од нестабилност проследено со пороен дожд и грмежи. Од таму имаат издадено вонредно предупредување во кое се вели дека денес попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град