Скопје стана касапница на кучиња скитници

,,Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници. Од една страна градот има нехуман третман кон животните, од друга страна таквиот ригиден и нехуман третман се враќа со низа проблеми за граѓаните. Шилегов 2 години нема решение за кучињата скитници. На почетокот на својот мандат тој кажа дека Вардариште е минато. Вети и дрско излажа”, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Според нив, во својата програма за градот Скопје вети нов стационар со европски стандарди.

,,Нема ниту с од нов стационар за Шилегов. Епилогот по 2 години власт на Шилегов е Скопје касапница на кучиња скитници, нехуман третман кон животните и преплашени граѓани. Грозоморниот чин со убиените кучиња во Аеродром е доказ за капитулацијата на Шилегов и неговиот неуспех во справувањето на овој акутен проблем. Наместо евтин ПР на возење тротинет низ Градот, Шилегов да ги засука ракавите и веднаш да дејствува. Наместо модерна метропола Шилегов Скопје го претвори во касапница од 16 век.
Доколку Шилегов наместо крадоначалник беше вистински градоначалник ќе го решеше проблемот со кучињата скитници.2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа”, се додава во соопштението.