Скопје стана град на светица

Сите што сакаат да го посетат Скопје сега имаат уште една дополнителна и голема причина, бидејќи Скопје стана град на светица, вели градоначалникот Коце Трајановски кој присуствуваше на канонизацијата на Мајка Тереза во Ватикан.

Тој вели дека Македонија е горда на Мајка Тереза.

– За Скопје и скопјани многу значи прогласувањето на Мајка Тереза за светица. Таа во овој град ги стекнала вредностите на соживот и различноста на народите, на културите, на верите и тоа го пренела низ светот. Град Скопје и Македонија и се одолжуваат на Мајка Тереза која го задолжи светот со својата хуманост, љубов, со своето милосрдие, на оние кои помошта им била најпотребна. Македонија и градот Скопје постојано и се оддолжуваат за сето тоа, имаме патишта, болница, именувани по неа, а со тоа сакаме да покажеме колку е посебна и важна за нас. Спомен куќата е еден од најпосетените објекти, вели Трајановски.

nike air max 1 sale