Скопје се сеќава: Тажни мигови од катастрофалниот земјотрес (видео)

Утре се одбележува 54 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје на 26 јули 1963 година рано утрото во 05 часот и 17 минути. Во земјотресот загинаа 1070 жртви, над 4.000 луѓе биле повредени, а разурнуваќкиот земјотрес бил со јачина од 6,1 степен според рихтеровата скала . 

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. По неколку дена почнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Дури 87 држави во светот испратиле некаква помош во Скопје и помогнале тој да се изгради повторно, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

Во пресрет на земјотресот, овие денови ќе објавуваме потресни сведоштва запишани некаде во историјата на старите скопјани, еве дел од нив.

Потресно сведоштво на скопјанката Соња која три дена лежела под урнатините од скопскиот земјотрес

Нејзината мајка се породи пред Државна болница- Таа е првото новородено бебе по земјотресот во Скопје