Скопје се приклучува кон глобалниот климатски протест

Граѓанската организација Fridays for Future Skopje ќе се приклучи во петок на глобалното протестно движење за климата предводено од млади луѓе низ целиот свет. Во главниот град на државата ќе се протестира пред владата, со што и Скопје ќе влезе во мапата на  шеесетина градови од сите континенти кои ќе учествуваат на првиот светски климатски протест.

Оваа форма на политички протест е инспирирана од штрајкот на Грета Тунберг, која, почнувајќи од август 2018, секој петок, наместо да оди на училиште, одеше да протестира пред локалните канцеларии на нејзината влада и да бара климатска правда. Оттогаш, моментумот се рашири на целата планета со огромна брзина. На 15 март, учениците од повеќе од 59 земји, од сите континенти, ќе учествуваат во училишните штрајкови.

Целта, како што велат организаторите, е да се прати јасна и мирна порака за климатска правда и за брза реакција на сите држави. Главната цел е во целост да се имплементира Парискиот договор, кој произлегува од Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, што ја имаат потпишано 195 земји.

Линус изјави  дека ситуацијата со која се соочува светот  денеска е уникатна.

-Ние сме последната генерација која има реална шанса да ја спречи климатската катастрофа. Според Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC), имаме помалку од 12 години да ги донесеме промените кои се потребни за ова да се избегне.  но ги имаме средствата за тоа. Затоа, е неопходна итна акција за спас на нашата планета и климата, вели Штајнмец.

Лукина Тиле изјави: „Императив е како млади да го кренеме нашиот глас. Грета застана сама. Сега сме стотици илјади кои стоиме заедно за истата кауза. Секоја недела ни се приклучуваат нови и нови млади луѓе во нови градови и нови држави ”.