Скопје рекордер со заразени од коронавирусот, 15 потврдени случаи во последните 24 часа

За 15 нови лица од Скопје е потврдено дека се позитивни на коронавирусот и со ова бројката на заразени во главниот град достигна до 123 лица. Ова на денешната прес конференција го соопшти министерот Венко Филипче. 

Филипче потенцираше дека на ниво на држава се регистирани 201 случај со коронавирусот.  Веднаш после Скопје кој е рекордер во оваа бројка, на лицата се наоѓа Дебар со 43 заразени и 2 починати лица, а потоа е Куманово со 15 позитивни и 1 лице кое е починато. 

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати, информираше денес Филипче. 

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека мерките кои се преземаат за заштита на граѓаните во главниот град не се доволни. Големата бројка на лица кои се носители на вирусот покажуваат дека тие треба да се зајакнат. 

Го пренесуваме статусот на Илија Џугоманов: