Скопје преплавено со отров за кучиња фатален и за луѓето (видео)

Метомиол или ланате овој отров се фрла по тревниците низ Скопје со цел да се отрујат кучињата.Овој начин е нечовечки, нехуман, но пред се опасен и за луѓето, објаснуваат токсиколозите.

Сптомите на труење се повраќање, главоболки, симптоми слични на вирус или труење од храна, но последиците  овој опасен препарат против инсекти може да биде фатален, пренесува Канал 5.

„Кучето кога е затруено повраќа, секако луѓето ќе му помогнат на местото каде било кучето доаѓаат деца и така труењето преку течноста со отров исфрлена од кучето може да предизвика труење“ др. Андон Чибишев, директор на Клиника за токсикологија.

Фрлањето на отров во тревниците е кривично дело, надлежните со апел граѓаните да превземаат опасни мерки, бидејќи последиците можат да бидат и губење живот.

Граѓаните најмногу се револтирани од неправилната грижа на кучињата кои не се дресирани, не се шетаат на повој и немаат заштитна маска.